Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

МНР: Ги отфрламе сите наводи дека се подготвуваат нови обврски за двете држави надвор од договорените принципи

„Во врска со појавени шпекулации во јавноста за нови взаемни документи меѓу Северна Македонија и Бугарија, дозволете да информираме дека Министерството за надворешни работи со внимание го следи процесот на формирање на Службената Влада на Република Бугарија и развојот на внатрешните и надворешните политики, при што охрабрува значајниот фокус што се придава на нашите билатерални односи како важен елемент и на новата Влада“ се вели меѓу другото во соопштението од македонското МНР.

Оттаму информираат дека „сите појавени информации за внатрешната поставеност, за начинот на организација, акциските планови и приоритетите на новата Влада се внатрешна работа на Република Бугарија, и тие не претставуваат резултат од меѓусебните разговори“.

„Оттука сакаме да ги отфрлиме сите наводи дека се подготвуваат нови обврски за двете држави надвор од договорените принципи во меѓусебниот Протокол кои значат: прво реципроцитет во рамките на преземените обврски; како и автономија на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања“ велат од МНР.

Можеби ќе ве интересира

За осум часа денеска санкционирани 116 мотоциклисти во Скопје, одземени три мотоцикли

ДЕСК

Четврток носи најголема опасност: Невреме со пороен дожд, силен ветер и можен град

ДЕСК

Од Стајковци до болница: Напад со тврд предмет прераснал во пресметка меѓу две групи

ДЕСК