Centar.mk
ЗДРАВЈЕМОЗАИКТЕМА

ВНИМАВАЈТЕ! ЈАГОДИТЕ СЕ ПРВИ НА ЛИСТАТА: Овие овошја и зеленчуци содржат најмногу пестициди!

Според непрофитната американска организација (EWG), и покрај миењето на повеќе од 65 отсто од овошјето и зеленчукот, остануваат штетните хемикалии кои предизвикуваат голем број проблеми и болести.

Хемикалиите кои превентивно делуваат против паразити и болести имаат штетно влијание врз здравјето на луѓето и предизвикуваат бројни компликации. Пестицидите кај луѓето го зголемуваат ризикот од неплодност, дијабетес, хормонална нерамнотежа и рак. Затоа, се препорачува добро да се мијат зеленчукот и овошјето пред употреба и да се лупат доколку е потребно.

Според истражувањето на EWG за 2022 година, зеленчукот, кој е меѓу најздравите намирници поради своите придобивки, е на самиот врв на листата на храна со најмногу пестициди. Имено, дури 60 отсто од испитаните зелки содржат канцерогени материи.

Ова е списокот на намирници со најмногу пестициди: јагоди, спанаќ, кељ, нектарини, јаболка, грозје, пиперки, цреши, праски, краставици, целер, домати, компири…

Можеби ќе ве интересира

АЛАРМАНТНИ ПОДАТОЦИ ОД СЗО – Секој четврти адолесцент немал ниту еден физички активен ден

ДЕСК

ХОРОСКОП ЗА 7 НОЕМВРИ: ЕДЕН ЗНАК ДОБИВА ПАРИ, ДРУГ ЌЕ СЛУШНЕ ПРИЗНАНИЕ ШТО ГО ЧЕКА СО МЕСЕЦИ – Саботата носи неочекувани пресврти

ДЕСК

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 6 НОЕМВРИ 2026 – Близнаците добиваат одговор, а Скорпиите решаваат важна дилема

ДЕСК