26.8 C
Скопје
16. август 2022
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Centar Бизнис Во тренд...

Убава вест: Значително поевтинија горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се изврши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,99% во однос на одлуката од 1.08.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 3,171%, кај дизелот за 3,728%, кај екстра лесното масло за 4,476% и кај мазутот зголемување за 1,600%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 2,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 3,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС не се менува.

Од ноќеска од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати изнесуваат:

Моторен бензин​​ЕУРОСУПЕР БС – 95​​​ 93,50 (денари/литар); Моторен бензин​ ​ЕУРОСУПЕР БС – 98​​​ 96,00​ (денари/литар); Дизел гориво​​​ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)​ ​ 93,00 (денари/литар); Масло за горење​​Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)​​ 91,00 (денари/литар); Мазут М-1 НС​​​​​​​​​​​​ ​ 53,343 (денари/килограм)