Татковците го обликуваат животот на своите синови, исто како и мајките.
Машкоста често е во преден план и многумина се трудат да ги зајакнат синовите, додека основните потреби на момчињата се ставени во втор план. Никогаш не е доцна да се поправи каква било штета.
Еве пет работи што секој син треба (и сака) да ги слушне од својот татко.
Направи ја твојата среќа приоритет
Општеството очекува многу од мажите, па често се ставаат на последно место. Но, понекогаш треба да се ставиме себеси и нашите потреби на прво место и да го правиме она што не прави среќни.
Дај го она што го очекуваш
Најважното правило кое функционира во сите сфери на животот е да се однесувате со другите онака како што сакате тие да се однесуваат со вас. Тоа помага да се всади заедништво и лојалност и го поттикнува индивидуализмот.
Биди нежен со себе
Децата се раѓаат убедени дека светот е фер место. И кога работите ќе тргнат наопаку, можат да мислат дека тоа е нивна вина. Во такви случаи, важно е да го научите детето дека некои работи се надвор од негова контрола и дека не треба да се обвинува себеси.
Те сакам и те разбирам
Детето треба да знае дека е сакано, и дека освен со дела, мора да му дадете до знаење и со зборови. Зборовите имаат смирувачки ефект и му покажуваат на детето дека ја има вашата безусловна поддршка.
И јас згрешив, многу пати
Детето ги имитира своите родители и понекогаш му е тешко да замисли дека неговиот татко направил нешто лошо или погрешно. Важно е да му покажеме на детето дека сите сме луѓе од крв и месо, дека грешиме и ги носиме последиците од нашите одлуки. Ова поттикнува поздрав облик на мажественост кај детето.