28.8 C
Скопје
16. август 2022
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+ Centar Бизнис Во тренд...

Ново значително поевтинување на бензините – Погледнете ги новите цени

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,42% во однос на одлуката од 4.08.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 3,077%, кај дизелот за 1,823%, кај екстра лесното масло за 2,619% и кај мазутот зголемување за 0,624%.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 2,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

Од 6.8.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин​​ЕУРОСУПЕР БС – 95​​​ 93,50 (денари/литар)
Моторен бензин​ ​ЕУРОСУПЕР БС – 98​​​ 94,00​ (денари/литар)
Дизел гориво​​​ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)​ ​ 93,00 (денари/литар)
Масло за горење​​Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)​​ 91,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС​​​​​​​​​​​​ ​ 53,343 (денари/килограм)

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,083%.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 6.8.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.