12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
ТЕМАБИЗНИСТОП ВЕСТИ

Нова цена на горивата

Денеска Регулаторната Комисија за Енергетика, како и секој понеделник, ќе ги утврди новите цени на горивата кои ќе почнат да важат од полноќ.

На светските берзи нафтата се движи на 103-104 долари за барел од типот брент, а курсот на доларот е стабилен, што значи дека нема да има значителни промени во цената.

Последниов период бевме сведоци на серија поевтинувувања, па така горивата во рок од неполн месец поевтинија за над 10 до 15 денари.

Во моментов горивата се точат по следните цените:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 95,50 (денари/литар); Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 98,00 (денари/литар); Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 94,00 (денари/литар); Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 94,50 (денари/литар); Мазут М-1 НС 52,840 (денари/килограм).

Спонзорирано: