10. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Маричиќ: Сега сè е во наши раце, нема ништо спорно во содржината на уставните измени

„Треба да се отвори една суштинска дискусија за да нè одведе и во содржината на уставните измени, којашто мислам дека не е спорна, бидејќи треба да дополниме во Преамбулата и во уште еден Амандман, уште неколку заедници коишто не се спомнати во Уставот, за поддржување на нашите европски интеграции. Така што сега сè е во наши раце и тоа е добро, не зависиме од која било друга држава, и мислам дека ако мудро, умно и одговорно се постави секој пратеник и секоја политичка партија ќе успееме тоа да го направиме до крајот на скринингот“, изјави вицепремиерот Маричиќ во гостувањето на „Вести“ на „Телма“ телевизија.

Маричиќ посочи дека тоа е нешто што сме го презеле како обврска и што е дел од компромисот со Бугарија и дека од овој процес ќе зависи иднината на нашиот евроинтеграциски пат, бидејќи тоа јасно го пишува и во рамката и во Протоколот, додавајќи дека доколку не ги направиме уставните измени ќе го завршиме скринингот и тука ќе застанеме со европската интеграција на земјата.

– Од една страна ние сме прифатиле да ги направиме уставните измени, од друга страна Бугарија да прифати, македонскиот јазик да стане дел од преговарачката рамка и во иднина да стане официјален јазик на Унијата, и да ги почнеме преговорите, да не губиме повеќе време, да ја имаме оваа фаза на скрининг, додека не бидат завршени уставните измени, рече Маричиќ.

Вицепремиерот објасни дека скринингот е сериозна операција којашто бара ангажман на сите институции и дека Северна Македонија има направено веќе една вежба, подготовка, во 2018 и 2019 во којашто преку 2.000 наши државни службеници и експерти од институциите ги посетија тие скрининзи.
– Значи имаме некоја стартна основа, имаме добра основа, ревизијата на преговарачката структура е во тек. Ние моментално правиме интензивни меѓу-институционални консултации и очекуваме до крајот на август да се презентира новата структура, согласно новата методологија, бидејќи мораме да ја прилагодиме на новата методологија, истакна Маричиќ во интервјуто.

Можеби ќе ве интересира

„EXIT“ во Скопје? Што кажа Орце – а што кажува самиот фестивал

C +

Шукова: Ќе го завршам проектот за прочистителна станица во Трубарево време е за зелено Скопје и здрава средина

C +

Филипче во Франција лобира за Македонија: Резолуцијата е гаранција за заштита на националните интереси

C +