Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Сончево време со дожд и грмежи во попладневните и вечерните часови

Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од јужен правец.

Доцна попладне и во вечерните часови во северните и источните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со силен ветер и електрични празнења. Максималната температура ќе биде во интервал од 32 до 38 степени.

Во Скопје сончево и топло. Кон крајот на денот и во вечерните часови ќе има локален пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме. Максималната температура ќе достигне 38 степени.

Можеби ќе ве интересира

Акција на СВР Велес: 24-годишник лишен од слобода по кражба од оператор

ДЕСК

Драма во Сушица: По недоразбирање, 74-годишен маж нападнат кај селската чешма

ДЕСК

Неколкумина уапсени поради тепачката на протестот

ДЕСК