2. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

МВР и Национална комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција се приклучија кон кампањата на UNODC – „Use and Abuse of Technology”

МВР и Национална комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција, по повод Светскиот ден за борба против троговијата со луѓе – 30 Јули, се приклучија кон кампањата на UNODC под мотото „Use and Abuse of Technology”.

Трговијата со луѓе се обидува да го освои сајбер просторот, затоа е потребна заедничка акција, со цел да пренесеме порака дека технологијата лесно може да ја овозможи, но и да ја спречи трговијата со луѓе.

Технологијата често се злоупотребува за да се олесни трговијата со луѓе, да се контролираат жртвите, да се рекламираат услугите и да се сокријат приходите од криминал. Онлајн ресурсите можат да станат стапица, особено кога станува збор за лажни аранжмани за патување, лажни понуди за работа насочени кон ранливите групи…

Додека нејзината позитивна употреба може да им помогне на борците против трговија со луѓе, на практичарите, да ги откријат, спасат и поддржат жртвите и да се борат против трговијата со луѓе.

Можеби ќе ве интересира

Филипче ја предводеше делeгацијата на СДСМ во Крушево – Илинден е нашиот темел, да ја продолжиме борбата за Македонија!

ДЕСК

Изгореа неколку куќи во Лисиче, има повредени

ДЕСК

Мицкоски: Илинден е симбол на жртвата која генерации пред нас ја дале за слободна Македонија – ова е ден кој нé обединува

ДЕСК