Centar.mk
БИЗНИСМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Кузеска: Нови 280 договори за поддршка со компании

И во време на светска економска криза, Владата и институциите предводени од СДСМ продолжуваат со поддршка на домашната економија, изјави на прес-конфенеција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, и најави дека следува потпишување на нови 280 договори за поддршка со компании кои влегуваат во инвестициски циклуси од околу 145 милиони евра.

Овие компании се очекува да креираат повеќе од 3.700 работни места во наредните 5 години или до завршувањето на нивните договори. Само во 2021 година, објави Кузеска, истите овие 280 компании, инвестирале околу 50 милиони евра и создале над 1.500 нови работни места.

Со Законот за финансиска поддршка, во изминатите четири години на домашните компании им се дадени над 50 милиони евра. Станува збор за над 600 компании од кои 80 отсто имаат домашен капитал.

Можеби ќе ве интересира

ПРЕТРЕСИ ВО ШТИП И СКОПЈЕ – Се истражуваат сомнежи за менување оценки на универзитет

ДЕСК

Митева: ВРЕДИ имаа можност да покажат дека се поинакви од ДУИ, но ја пропуштија шансата да излезат од етничката реторика

ДЕСК

СЕ РАЗВЕДУВААТ, НО КРЕДИТОТ ОСТАНУВА – Кој продолжува да ги плаќа заедничките долгови?

ДЕСК