4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМОЗАИК

СМИРУВААТ И ЛЕЧАТ: Ова се пијалоците што треба да ги пиете пред спиење!

Квалитетниот сон е една од најважните работи за нашето здравје, а добар сон е исто толку важен како и здравото јадење.

За жал, многу луѓе се борат со недостаток на сон, но и со несоница.

За да може телото да се одмори и да ги наполни батериите за следниот ден, во просек му требаат 7-8 часа ненарушен сон.

Она што го пиете пред спиење може да има големо влијание врз тоа дали ќе можете да заспиете, а некои пијалоци се препорачуваат да ви помогнат да заспиете веднаш штом ќе ја спуштите главата на перницата.

Вода

Првиот пијалок достапен за секого е секако водата. Многу луѓе чуваат шише со вода до креветот и тоа не е без причина. Водата нема шеќер, ја гаси жедта и не содржи калории.

Препорачливо е да го консумирате повеќе во текот на денот, за да не ве буди за одење во тоалет навечер.

Билен чај

Билен чај пред спиење ќе има смирувачки ефект врз телото. Особено се препорачува свеж чај од босилек, бидејќи го намалува нивото на хормонот на стрес (кортизол).

Тука спаѓаат и чаевите од камилица, валеријана и нане кои се погодни за мирен сон, смиреност и ослободување од стрес.

Млеко

Топлото млеко пред спиење е исклучително ефикасно. Иако на многумина ова не им е омилен пијалок, за да го намалите вкусот на лактозата, во него можете да измешате лажичка мед, каранфилче, цимет или куркума, која има антиинфламаторно дејство.

Сок од вишна

Незасладениот сок од вишна им помага на луѓето кои патат од несоница. Студијата спроведена на 50-годишни жени покажала дека оние кои пиеле сок од цреша два пати на ден успеваат да спијат 84 минути подолго од оние кои не пиеле. Вишните се богати со состојки поврзани со здрав сон.

Можеби ќе ве интересира

Бебето не се буди само кога е гладно: Три заблуди за неговото СПИЕЊЕ кои го отежнуваат родителството

M T

Штетно влијание на мобилните телефони: Еве зошто не треба да го држите телефонот до вас додека спиете

M T

ЕВЕ ДАЛИ ТРЕБА ДА МАСТУРБИРАТЕ ПРЕД СПИЕЊЕ: Во телото се случуваат НЕВЕРОЈАТНИ промени – фокусирајте се на ЕДНО

M T

Помага на повеќе начини: Спиењето покрај КУЧЕ може да биде ЛЕКОВИТО

M T

Еве како да го научите вашето тело да се буди порано

M T

Не можете да заспиете? – Овие 6 работи мора да ги направите 30 минути пред спиење

M T