18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Маричиќ потпиша договор за превод на повеќе од 15 илјади страници на ЕУ законодавството на македонски јазик

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денеска потпиша договор со седум економски оператори за превод на превод на европското законодавство, од кои заедно со внатрешните капацитети на Секретаријатот за европски прашања се очекува превод, јазична ревизија и лектура на над 15 000 авторски страници.

-Успехот на скринингот и неговото времетраење во голема мера зависи од усогласувањето, односно процесот на преземање и примена на acquis, рече Маричиќ, посочувајќи дека овој услов за членство е идентичен за сите земји кандидатки, а произлегува од правниот систем на ЕУ, кој одредува дека сите официјални јазици на земјите-членки се и официјални јазици на Унијата и дека сите јазични верзии на правните акти се оригинални и еквивалентни.

Тој нагласи дека процесот на преведување на европското право на македонски јазик се одвива без прекин, бидејќи и по отворањето на преговорите со Унијата и отпочнувањето на скрининг процесот земјата паралелно мора да работи на усогласувањето на националното законодавство со правото на ЕУ.

– Едно од клучните обележја на Европската Унија отсекогаш била нејзината повеќејазичност и ние, со денешното потпишување на оваа Рамковна спогодба, со здружени сили ја докажуваме нашата заложба да придонесеме кон успешно објавување на правото на ЕУ на македонски јазик во Службениот весник на Европската Унија, истакна Маричиќ во обраќањето по повод потпишувањето на рамковната спогодба за превод.

Спонзорирано: