На 06.06. и 07.06.2026, полициски службеници од ОВР Неготино во содејство со инспектори со Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд, Управата за јавни приходи и Регионален центар за гранични работи Југ, извршиле контрола во угостителски објекти во Неготино.
При контролата во еден од објектите биле затекнати малолетници кои биле послужени со алкохол. Со малолетниците биле извршени службени разговори во присуство на претставник од Центар за социјални работи Неготино, по што биле предадени на родители или блиски роднини.
Притоа, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишиле од слобода А.С.(25) и еден малолетник од Неготино, поради основи на сомнение за сторено кривично дело по член 204 од Кривичниот законик „точење алкохолни пијалоци на дете“.
Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


