Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Мицкоски да се отрезни од дестукциите – Дали Сега и ЕУ и Вархеј му се виновни на Мицкоски, тоа ли се насоките од Груевски?

Соопштение на СДСМ:

Сега и ЕУ и Вархеј му се виновни на Мицкоски, тоа ли се насоките од Груевски?

Откако му потонаа сите лаги, откако не успеаја сценарија за дестабилизација на земјата, откако неговите пратеници побегнаа од дебата и не гласаа во македонското Собрание, сега на Мицкоски му се виновни ЕУ и еврокомесарот Вархеј.

Тоа ли се насоките од Никола Груевски по кои Мицкоски замина за Будимпешта или има и нешто друго?

Дали во Будимпешта Мицкоски исто така ја ословуаше својата земја како кратенка од регистерска табличка, со НМК?

Дали во колата за Будимпешта освен за Николовски имаше место за неговиот партнер Апасиев?

Мицкоски треба да се отрезни од деструкциите инаку останува сам со Апасиев во анти ЕУ коалицијата која одработува за туѓи интереси.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Германските компании се партнери во трансформацијата на македонската економија

C +

Кузеска: Само ВМРО-ОКГ се богати, додека граѓаните едвај преживуваат

C +

Тошковски за денот на македонската полиција: Модернизација, реформи и бескомпромисна борба против криминалот, градиме модерна и професионална европска полиција

C +