21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМОЗАИКЗДРАВЈЕ

НАМАЛЕТЕ ГО ХОРМОНОТ НА СТРЕС – Овие 10 намирници го намалуваат кортизолот

Зголемениот кортизол доведува до зголемување на телесната тежина и бројни други проблеми. Еве како природно да го намалите нивото на овој хормон!

Дали сте често нерасположени, нервозни, раздразливи? Дали чувствувате дека вашиот ПМС е тежок, дали страдате од надуеност, запек или дијареа? Причината за сите овие поплаки може да биде покаченото ниво на хормонот кортизол, кој се ослободува во состојба на стрес кој влијае на надбубрежната жлезда.

Овој хормон има значајна улога во телото. Го регулира шеќерот и крвниот притисок, ги ублажува воспалителните процеси и е неопходен за здрав метаболизам. Телото постојано го следи нивото на кортизол и се труди да го одржува стабилно. Не е добро кога е превисоко или прениско.

Кортизолот се мери со анализа на крв, урина или плунка. Неговото ниво е највисоко рано наутро и се намалува во текот на денот, а најниско е околу полноќ. Овој ритам се менува ако некое лице работи ноќна смена и спие во различни периоди во текот на денот.

Нормално ниво на кортизол е 10 до 20 микрограми на децилитар (mcg/dl) наутро – од 6 до 8 часот наутро и 3 до 10 mcg/dl околу 16 часот.

Зголеменото ниво на кортизол доведува до зголемување на телесната тежина, а дебелината е особено забележлива во пределот на стомакот, како и во лицето. Во делот на лопатките се забележуваат масни наслаги, а на стомакот може да се појават стрии.

Високиот шеќер во крвта и крвниот притисок се чести, а се јавува и остеопороза.

За да се намали нивото на кортизол, важно е редовно, здрав и длабок сон. Треба да вежбате редовно и да го контролирате стресот, со помош на автоген тренинг, јога, медитација и други техники за релаксација. Длабокото дишење го стимулира парасимпатичниот нервен систем, кој го потиснува нивото на кортизол.

Најдобрата диета против стрес е медитеранската диета – треба што почесто да јадете риба, зеленчук, овошје и здрави масти. Се препорачува храна која содржи витамини од групата Б, особено Б12, и тоа говедско, пилешко и јајца.

Заедно со маслиновото масло, добри масти се наоѓаат и во туната, сардините и оревите. Магнезиумот ќе му помогне на телото да го намали стресот и кортизолот – го има во темното чоколадо, бананите, спанаќот и семките од тиква.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Содржат многу минерали и витамини: Овие 10 НАМИРНИЦИ го заслужуваат епитетот суперхрана во 2022 година

M T

Можеме ли да избегаме од стресот: Еве како тој влијае на вашето тело

M T

Ставете ги слушалките и опуштете се: Омилената музика штити од стрес и „нездрава“ храна

M T

Овие намирници немаат рок на траење, може да се чуваат на собна температура

M T

Доаѓа студено време: Подобрете го имунитетот со овие 5 намирници

M T

Овие три намирници го забрзуваат метаболизмот и ќе ослабите ВЕДНАШ

M T