3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Нови пожари низ Македонија – еве каква е ситуацијата

Пожарот кој започна вчера во попладневните часови на територија на општина Василево, поточно селата Владевци и Трибичино, висок и непристапен терен, ридско карпест релјеф обраснат со висока сува трева и нискостеблеста мешана шума, во текот на денешниов ден 13.30 часот поради силина и променлив правец на ветерот повторно се разгорува и проширува но не во правец кон селата туку кон сртот на ридот и странично кон доловите. На терен во справување со истиот се екипи на на ЈП Национални шуми-Подружницата Струмица како и екипи на ТПП Струмица. Имајќи ги во предвид условите каде во моментот е локацијата на пожарот, непристапниот терен, лошата патна инфраструктура како можен пристап до локацијата на пожарот, дотурот на вода и можноста за пристап и гасење со специјализирани теренски возила, Градоначалникот на општина Василево побара воздушна подршка во процесот на гасењето на пожарот. Во координација со Центарот за управување со кризи, субјектите во Системот за управување со кризи кои во својот состав располагаат со вакви ресурси (летала) специјализирани и наменети за гасење на пожари, како и Градоначалникот на општина Василево, договорено е по соодветна претходна процена, согласно претходно јасно дефинирана потреба, рано наутро кога температурите се ниски во текот на утрешниот ден да се реализира воздушна подршка до моментот на целосна ликвидација на пожарното дејство.

Во текот на вчерашниот ден, во утринските часови поради високите температури се случи пожар на отворен простор од пошироки размери во Армискиот воен полигон Криволак, општина Неготино. Од 16,30 часот иако било дејствувано во повеќе наврати од страна на Армијата со подршка од летала (хеликоптер), пожарот бил локализиран но не и целосно изгасен.

Денес во 14.45 часот пожарот повторно се реактивира, разгорува и проширува и веќе се дели на три крака од кои: -едниот се движи кон селото Пепелиште-Неготино, а -вториот во правец на Богословец-Штипскиот регион и -третиот во атарот на Армискиот полигон Криволак.Од извршената процена на терен од страна на ТПП Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино како и претставници на други релевантни институции кои учествуваат во гасењето на пожарните дејствија, утврдена е потреба од асистенција и воздушна подршка од летала.

Од страна на Градоначалникот на општина Неготино, упатено е барање за хеликоптерска подршка. Центарот за управување со кризи во координација со Министерството за Внатрешни работи во 18.00 часот, упатија летало (хеликоптер) од составот на Министерството за внатрешни работи како подршка на единиците на ТПП Неготино, ЈКП Неготино, ТПП Штип и Армијата на Република Северна Македонија во гаснењето на пожарот.

Спонзорирано: