20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ѓавото и Богданци може да здивнат – надлежните се справија со огнената стихија

Центарот за управување со кризи и субјектите на Системот за управување со кризи во рамки на нивната работна редовна поставеност ги извршуваа задачите што произлегоа од локалните непогоди во државата: на југоисток пожари во Беровско и Гевгелиско, а на североисток поплави Кочанско, а секако и секаде каде што имаше вакви непогоди од помал обем.

Пожарот што почна кај месноста погана меѓу Гевгелија и Богданци после целовечерна битка на ангажираните сили е ставен под контрола и се догасува.

Селото Ѓавато е одбрането, а исто така од утрово е дејствувано да се одбрани и Богданци.

Искусните пожарникари дејствувале согласно можностите и успеале да се справат со опасната огнена стихија. Конкретно, изгаснат е крак од пожарот што бил опасен за да ја запали депонијата кај Богданци а со тоа сериозно би бил доведен во опасност од пожар и градот. Со дејство од воздух со 11 налети со ведро од хеликоптер е дејствувано, а потоа по земја пожарникарите со 2 ПП цистерни го догасиле огнот и депонијата не се запалила.

Во околината има уште спорадични точки со вегетација коишто догоруваат, но генерално огнената стихија е совладана.

Во силите коишто се бореле против огнот во Гевгелиско имаше голем дел од луѓе коишто го гаснеа пожарот во Беровско и Делчевско пред два дена.

Инаку, според неофицијални информации добиени од терен со огнената стихија се бореле пожарникарите од Валандово со 11 луѓе, од Национални шуми Гевгелија со 15 луѓе. од комуналното локално претпријатие 11 луѓе, од Дојран со 3 пожарникари со 1 голема ПП цистерна, од Неготино со 1 голема цистерна.