4. декември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМОЗАИКЗДРАВЈЕИЗБОР

Алкохолот им штети само на младите, а на постарите може ДУРИ да им биде корисен

Најновата голема студија за ефектите на алкохолот врз човечкото тело покажува дека помладите генерации се соочуваат со поголеми здравствени ризици кога пијат алкохолни пијалоци отколку постарите луѓе, за кои умереното консумирање може да биде дури и корисно.

Студијата финансирана од Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс сугерира дека е неопходно, на глобално ниво, да се издадат препораки за консумирање алкохол кои треба да се засноваат на возраста на корисникот.

Најстрогите упатства се предлагаат за мажи на возраст од 15 до 39 години, кои се изложени на најголем ризик од штета од консумирање алкохол.

Од друга страна, бенефит покажува и во умерената употреба на алкохолни пијалоци, помеѓу еден и два дневно, кај постарите лица, што го намалува ризикот од кардиоваскуларни заболувања, мозочен удар и дијабетес.

Истражувањето спроведено во 200 земји покажа дека 1,32 милијарди луѓе конзумирале алкохол во количини кои се категоризираат како апсолутно штетни за организмот.

Алкохол најмногу користеле млади мажи на возраст од 15-39 години, што предизвикало дури 60 несреќи, вклучувајќи сообраќајни несреќи со моторни возила, самоубиства и убиства.

Од друга страна, конзумирањето алкохол не носи никакви здравствени придобивки за оваа возрасна група и носи многу здравствени ризици.

Авторот на студијата д-р Емануел Гакид од Универзитетот во Вашингтон изјавил дека препораката е младите да не пијат, бидејќи на нивната возраст нема бенефит од алкохолот, додека од друга страна се препорачува умерено консумирање за постарите.

„Иако можеби не е реално да се мисли дека младите луѓе ќе се воздржуваат од конзумирање алкохол, веруваме дека е важно да се презентираат најновите докази за сите да бидат информирани кога донесуваат одлуки за своето здравје“, рече д-р Гакид.

Мажите и жените на возраст од 15 до 95 години, во период од 30 години, од 1990 до 2020 година, беа третирани како испитаници во оваа студија.

Можеби ќе ве интересира

Маричиќ: Со европската перспектива обезбедуваме повеќе европски програми и нови можности за младите

M T

Младите да бидат активно вклучени во носењето на одлуки – Клубот на млади пратеници и ИДУЕП во заедничка посета на Валандово

M T

Битиќи на конференцијата на ОЕЦД: Младите треба да имаат место на масата, нивниот глас мораме да го слушаме кога носиме одлуки за нивната иднина

M T

Заборавете на АЛКОХОЛОТ, ова е НАЈЛОШИОТ пијалок за вашиот црн дроб

M T

ОВА е вистинската причина: Еве зошто изгледате ПОСТАРИ ОД ТОА ШТО СТЕ, ниту е поради генетика, ниту поради кожа

M T

124 санкционирани возачи во Скопје, 11 под дејство на алкохол

M T