Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Почеток на преговори со ЕУ, започнува ново поглавје од македонската историја

Започнува ново поглавје од македонската историја. Република Северна Македонија ги започнува преговорите за членство во Европската унија. По 17 години, конечно и повеќе од заслужено ги започнуваме преговорите со ЕУ. Европската унија со одржувањето на првата меѓувладина конференција во Брисел ја отвори врата за нашата држава, се вели во соопштението од СДСМ.

Од партијата наведуваат дека веднаш по конференцијата, започна скриниг процесот за Северна Македонија за усогласување на нашата правна рамка со ЕУ.

СДСМ како државотворна партија реализира уште една стратешка цел – преговори и членство во ЕУ со заштитен, потврден и загарантиран македонски идентитет. Со приклучувањето кон големото европско семејство се отвораат нови перспективи за државата и за граѓаните, забрзан развој, просперитет и стабилност.

Имаме јасна визија за тоа каква држава сакаме да градиме и да оставиме на идните генерации, се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Доаѓа нагла промена: Еве кога ќе врне најмногу и каде ќе има снег!

ДЕСК

ДРАМА ВО ПОЗНАТ ЛОКАЛ ВО КАРПОШ: Избила физичка пресметка меѓу четворица скопјани, еден бил удрен од тврд предмет – отиде и дел од инвентарот

ДЕСК

Грабеж среде бел ден во центарот на Скопје: Додека се качувала во автобус, била ограбена

ДЕСК