Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведен разбојник од Скопје за издржување казна затвор од три години

Вчера (19.07.2022) во 13.30 часот од улица ,,Тодор Чангов“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Р.(36) од Скопје.

За него била распишана Централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје со која се барал за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на казната.

Можеби ќе ве интересира

Синоптичарите излегоа со прогноза – Какво време да очекуваме?

ДЕСК

ПЕТОК И САБОТА ПОМИРНИ, НЕДЕЛА СО ПРЕСВРТ: Се враќа нестабилното време

ДЕСК

ПРЕД ДА ОДИТЕ ПО ПАСОШ ИЛИ ЛИЧНА КАРТА: МВР објави што не треба да носите

ДЕСК