Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Премиерот Ковачевски ќе се обрати на настан по повод потпишување на договори за изградба на пруга, прва и втора фаза на Коридор 8 и реконструкција на пруга на Коридор 10

Денеска, 20 јули 2022 година (среда) од 11:00 часот, премиерот Димитар Ковачевски ќе присуствува и ќе се обрати на настан по повод потпишување на договори за изградба на пруга, прва и втора фаза на Коридор 8 и реконструкција на пруга на Коридор 10.

Настанот ќе се случува во Свечената сала на Владата на Република Северна Македонија.

Изјави ќе дадат и Фатмир Битиќи, заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Бесими, министер за финансии, Благој Бочварски, министер за транспорт и врски и потпишувачите на договорите.

Можеби ќе ве интересира

СО ДРОНОВИ ЌЕ СЕ БАРААТ КРАВИТЕ ВО КРИВА ПАЛАНКА – Следната недела почнува спроведувањето на акцискиот план

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Талогот на СДС може мирно за спие, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ спроведува конкретни мерки за младите, и за вработување и за стекнување на свој дом

ДЕСК

НОВИ ПРАВИЛА ЗА БОЛЕДУВАЊЕ ОД 1 ДЕКЕМВРИ – За отсуство подолго од пет дена ќе биде потребен специјалистички извештај

ДЕСК