5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Вархеји до опозицијата: Емоциите нема да ја носат земјата напред, уставните измени мора да се случат

Уставните измени мора да се случат. Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, се обрати до опозицијата, која е децидна дека нема да гласа за промена на Уставот, да докажат дека се посветени да се случи членството на Македонија во Европската Унија.

„ Во врска со уставните измени, мислам дека е јасно дека тие мора да се случат. Постои јасна посветеност, не само од Владата туку и од Собранието. Токму поради тоа кажав дека ова е најдемократскиот начин да се добие мандат за Владата. Затоа што, уредувањето на францускиот предлог вклучува дел од компетенциите на Собранието. Затоа беше важно да се слушне Собранието и Собранието јасно покажа дека се подготвени за вакво нешто“, кажа Вархеји.

Тој изрази надеж дека и опозициските партии, ВМРО-ДПМНЕ и Левица, кои кажаа дека нема да гласаат уставни измени, а без кои нема мнозинство, ќе се вклучат во работата за европска иднина.

„ Искрено се надевам дека сите партии, вклучително и опозицијата ќе работат за европската иднина, дека нема да започнат со контроверзии и предизвикување емоции кои нема да ја носат земјата напред. Емоции кои нема да резултираат со ништо битно во земјата. Ја повикувам опозицијата, а имав прилика да видам како се надминаа границите на европски вредности. Но се надевам дека со оваа одлука денес, можеме да свртиме нова страна и да работиме, С. Македонија да стане земја членка. Ги читав изјавите на опозицијата, тие секогаш тврдат дека се посветени да се случи ова членство на земјата. Ајде да го докажеме тоа“, додаде Вархеји.

Во врска со извештаите кои се бараат со францускиот предлог, а се однесуваат на добрососедските односи меѓу Македонија и Бугарија, Вархеји даде свое објаснување.

„ Извештаите на Комисијата се годишна активност. И можеби медиумите не го откриле тоа, но известуваме за овие прашања, добрососедските односи, со сите земји кои пристапуваат. Самото посебе, известувањето постои за да ги презентира фактите, не само за земјите членки туку и јавноста“, додаде тој.

Премиерот Димитар Ковачевски посочи дека одговорност е на пратениците на опозицијата да се вклучат во дебатата, кога е во прашање измената на Уставот и вметнување на Бугарите, без што не може да се одржи втората меѓувладина конференција.

„ Мнозинството граѓани, претставени од пратениците, донесоа одлука поради која имаме прва меѓувладина конференција. Одговорност е на пратениците од опозицијата да учествуваат во оваа дебата и понатаму. Ќе има многу чекори понатаму до финалното зачленување во ЕУ. Собранието е место каде ќе треба да биде донесен и вториот, третиот, четвртиот чекор до финалното зачленување. Одговорност на секој политичар е да мисли на иднината на државата, а не само на својот личен рејтинг“, кажа Ковачевски.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Маричиќ: Важно е и опозицијата да биде вклучена во преговорите, верувам дека ВМРО – ДПМНЕ ќе ја сфати тежината на овој процес

M T

Вархеји очекува Скопје и Тирана во наредните денови да ги отворат пристапните преговори со ЕУ

M T

Вархеји денеска во Скопје

M T

МОН: Опозицијата го блокира Законот со кој на наставниците континуирано ќе им растат платите

M T

Спасовски: Опозицијата секогаш става сопки или нож во грбот на својата држава

M T

Костадин Костадинов: Со еколошката такса ќе се обезбедат над 55 милиони евра за инвестиции во екологијата, опозицијата да се откаже од блокадите

M T