14.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(Видео)Ковачевски: Ова е историски ден, огромно е задоволството што по 17 години конечно ги отпочнуваме преговорите

Премиерот Димитар Ковачевски очекува Македонија да биде пример за најбрза интеграција на државата во ЕУ. Тој рече: „Ако по утрото се познава денот, ова ќе биде историски и добар ден, кој ќе обезбеди европска, сигурна и безбедна иднина“.

„Нивната заложба беше клучна во Брисел да го направиме првиот чекор кој ќе не одведе до полноправно членство. Верувам дека овој нов почеток ќе значи просперитет и напредок. Кога има напредок во една земја, тоа значи поттик и за другите соседи. Како што и досега сме работеле за граѓани, така продолжуваме. На тој начин работиме и за нас самите и за забрзување на процесот за пристап до ЕУ. Огромно е задоволството што по 17 години чекање, денеска конечно ги отпочнуваме преговорите, отвораме нови перспективи за државата и полека но сигурно се приклучуваме кон европското семејство“, рече Ковачевски.

Тој смета дека ова е чекор за напредок за цел регион.

„Европскиот предлог кој го добивме преку широк консултативен процес го препознавме како најдобро можно решение, кое од повеќе аспекти ги почитува и задржува црвените линии, а дава почеток на преговорите. Во него е прецизиран македонскиот јазик без дообјаснувања. Со тоа се отвора нашиот македонски јазик да стане официјален јазик во ЕУ, што за мене голем успех. Не само што јазикот ќе биде заштитен, туку ќе добие промоција. Многу земји и култури кои немаат допир со македонскиот јазик, ќе се запознаат. Нашиот идентитет, ќе остане тоа, автентично, македонско и во ЕУ. Тоа за Унијата ќе биде поголемо богатство. Нашето место е во ЕУ“, додаде Ковачевски.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Премиерот Димитар Ковачевски предводи владина делегација во Обединети Арапски Емирати

M T

Орбан: Потребни се преговори меѓу Русија и САД за мир во Украина, надежта е Доналд Трамп

M T

Ковачевски: Постоиме благодарение на 11-октомвриското победничко востание и АСНОМ, да бидеме и денес на вистинската страна, напредокот!

M T

Ковачевски: Нека ни е честит и вековит Денот на народното востание, 11 Октомври

M T

Премиерот Ковачевски се сретна со раководството на Синдикатот на УКИМ

M T

Зеленски потпиша указ за неможност за преговори со Путин

M T