13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАБИЗНИС

Склучен меморандум за соработка меѓу Народна банка и Комисијата за спречување на корупција

Народната банка и Државната комисија за спречување на корупцијата денеска склучија Меморандум за соработка, со кој се овозможува заемна размена на искуства и знаења, добра практика, како и стручна консултација за прашања од интерес.

Меморандумот за соработка е резултат на долгогодишната успешна и отворена соработка помеѓу Народната банка и Државната комисија, со цел да се спречат корупцијата и судирот на интереси што е определено и во Политиката за спречување појава на корупција, донесена од Народната банка 2021 година. Спроведувањето на одредбите на Меморандумот ќе биде многу значајно за двете институции, коишто преку директна и постојана соработка ќе придонесат за спроведување политика на нетолеранција на корупцијата. За спроведување на Меморандумот претстојат заеднички обуки за јакнење на капацитетите заради унапредување на професионалните капацитети на вработените на НБРСМ и ДКСК.

Зајакнувањето на соработката со Државната комисија е една од активностите на Народната банка за поддршка на борбата за спречување на корупцијата, преку одржување високи правни и етички стандарди и преку примена на висок степен на професионално и непристрасно постапување при спроведувањето на целите и задачите, соопштија од двете институции.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Грковска на работен состанок во ДКСК: Меѓусебната соработка и комуникација е клучна во процесот на градење на одговорни и отчетни институции

M T

Потпишан Меморандум за разбирање помеѓу МВР на Република Северна Македонија и Генералниот инспекторат на безбедносните сили на Чешката Република

M T

Потпишан Меморандум за соработка и координација за ефикасна и ефективна примена на законот за рестриктивни мерки

M T

Тренчевска: Со потпишувањето на Меморандум за соработка со Министерството за семејство и социјална политика на Република Полска и размена на искуства, ги зајакнуваме нашите пријателски односи

M T

СДСМ: ДКСК да го расчисти незаконското назначување на Велковски за секретар на Град Скопје

M T

Потпишан меморандум за соработка со Бугарија во областа на спортот и младите

M T