Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

МАКЕДОНИЈА СЕ ПРИКЛУЧИ КОН ЕВРОПСКИТЕ МЕРКИ – Пакетот опфаќа компании и лица поврзани со руската воена индустрија

Македонија е меѓу земјите што се усогласија со одлуката на Европската Унија за санкции поврзани со рускиот воено-индустриски сектор. Советот на ЕУ го објави усогласувањето на 3 ноември, по усвојувањето на пакетот на 12 октомври.

Одлуката опфаќа 826 компании и 743 лица. Меѓу компаниите на списокот се добавувачи на електроника, навигациски системи и други компоненти што се користат во руското воено производство.

Кон одлуката се приклучија и Албанија, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Со усогласувањето, земјите се обврзуваат да ги приспособат своите национални политики на европската одлука.

Можеби ќе ве интересира

ДОПОЛНИТЕЛНИ 26.000 ВАКЦИНИ ПРИСТИГНАА ВО МАКЕДОНИЈА – Министерството со известување

ДЕСК

МИЦКОСКИ ЈА ПРЕДИЗВИКА ОПОЗИЦИЈАТА – „Нека побараат распуштање на Собранието, ќе поддржиме предвремени избори“

ДЕСК

Анализа: НА МАКЕДОНИЈА МОЖЕ ДА Ѝ ТРГНЕ МНОГУ ПОДОБРО – Ако се смират светските кризи, економијата има простор за посилен раст

ДЕСК