Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОРвест

Ковачевски: Нема да дозволиме, државата да се претвори во изолирана, затворена и криминална енклава

Премиерот Димитар Ковачевски во обраќањето во Собранието порача дека ова е последна борба помеѓу деструкцијата и песимизмот и отвореноста и оптимизмот, дека државата се гради секој ден, идентитетот и посебноста се почитува за навек, но се бранат секој ден, а тоа најдобро се прави кога сте дел од прогресот, од развојот, од модерното и напредното.

„Нема да дозволиме, како во време на режимот, државата да се претвори во изолирана, затворена и криминална енклава, во која политичката елита безмислосно краде и разграбува, а граѓаните бараат туѓи пасоши и работа во странство. Нема да дозволиме, како во минатото, државата и граѓаните да живеат во постојана неизвесност, немир и дилеми што ќе биде утре.

Нема да дозволиме државата да остане на опашката на Балканот, кога сите се движат напред, и покрај нивните проблеми од различен карактер. Нема да дозволиме, идентитетските прашања да се користат како муниција во борбата за фотелји, тендери, ослободување на криминален имот и лица и држење во заложништво на цели родени и неродени генерации.“ порача Ковачевски.

Цврсто ќе стоиме, додаде Ковачевски, на патот на заштита на македонскиот јазик, посебниот историски и културен идентитет на македонскиот народ преку негова рамноправност со европските народи.

Можеби ќе ве интересира

Преку мобилна апликација секој ќе може да си провери дали има казна од „Безбеден град“, ќе се бележи историја на прекршоци за секого

C +

Инцидент во скопско село: Закани со огнено оружје по конфликт за паркинг

ДЕСК

Предновогодишна тепачка во угостителски објект во Скопје

ДЕСК