Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

Ковачевски: Нашата национална ДНК, македонскиот јазик, ќе биде службен јазик во ЕУ

Ние не прифаќаме и не водиме политика на „или или“, ние водиме политика и за преговори за влез во ЕУ и за заштита на нашето достоинство, идентитет, јазик и историја, порача премиерот Димитар Ковачевски во своето обраќање во Собранието.

„Како резултат на тоа, и како резултат на поддршката на бројните европски пријатели, а верувајте ги има многу, успеавме да добиеме единствен, формален, заокружен, заеднички предлог на Европската Унија. На сите држави членки.

Тој европски предлог на вистински начин ги отсликува нашите дефинирани позиции.

Прво, јасно го прецизира македонскиот јазик како единствен, признат и прифатен јазик за Европската Унија. Тоа е тоа што го баравме. Нашата национална ДНК, македонскиот јазик, да биде службен и единствено официјален јазик. Да, со европскиот предлог, целиот процес на нашите преговори, сите милиони страници во годините што следат, заклучно со Актот за полноправно членство, ќе бидат напишани на македонски јазик. На македонски јазик ќе се зборува официјално и во Брисел и во сите европски престолнини. Тоа е најголемото достигнување, најважниот успех.“ порача Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира

ПОЛИЦИЈАТА НЕ ПРОСТУВА: Девет возачи завршија во станица по опасно возење

ДЕСК

Се апси на повеќе локации низ Македонија, и тоа во Скопје, Прилеп, Струга, Неготино, Табановце… – осум лица завршија со лисици на рацете

ДЕСК

Груевски добил унгарско државјанство, објави „ВиСквер“

C +