23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Какви министри, браво!

Ги гледав Османи и Маричиќ на МРТ1 и морам да кажам дека сум импресиониран од елаборацијата, аргументацијата, смиреноста, од интонацијата и од комплетниот пристап на министрите. Од сеопфатното скенирање на францускиот предлог од кој скен на сите заведени луѓе, се надевам, ќе им се расчисти маглата што им ја наметнаа оние кои предлогот го користат за да ја бутнат власта а не за да го одбранат идентитетот.

Како врвни квалитеи на предлогот.

Друго ниво на разбирање на работите, на дебата, на однос кон деликатни прашања и сомничавости,отворени стравови….Чист јазик, историските прашања надвор и европска арбитрарност во исполнувањето на критериумите заедно со македонска согласност.

Потоа на дисплејот му дојдоа сликите од пред владата и ми дојде мака,од таа цивилизациска, јас би рекол еволуциска разлика меѓу врвот на една политичка артикулација, одговорност, добронамерност, упатеност, компетентност итн на една страна и агрегатите на хаосот и фактичкото противење на евроитеграциите поради партиските интереси на опозицијата кои се узурпирани од нивното водство.

Добри беа и колегите. Ретко добро издание на колегите. Целата дебата беше многу дибро издание.

Фала богу да видам нешто добро.

Им благодарам на тие што ми сугерираа да престанам да го гледам Надал,и да се префрлам на МРТ1

Фејсбук статус на Бранко Тричковски