Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Владата ќе ја одржи 55-та седница

Владата на Република Северна Македонија, денеска 28.6.2022 година (вторник) ќе ја одржи редовната 55-та седница, на која согласно своите надлежности, ќе разгледа повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

Според предложениот дневен ред, на денешната седница ќе биде разгледана предлог-одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за формирање на Оперативно постојано тело за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот.

Меѓу другото, Владата ќе донесе мислење за информацијата со предлог за преземање мерки за решавање на проблемите со кои се соочуваат неевидентираните лица во матичната книга на родените, а во врска со неможноста да ги остваруваат правата утврдени во Законот за неевидентирани лица во матична книга на родените.

На оваа седница ќе биде разгледана и информацијата на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество за состојбите во однос на обезбедувањето на социјална и здравствена заштита од страна на граѓанските организации.

За заклучоците и одлуките од денешната Владина седница, која ќе започне во 12:00 часот, јавноста ќе биде информирана со соопштение, веднаш по нејзиното завршување.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода седум лица во акциска контрола на Мобилната единица при МВР, одземени три возила, изречени 16 мерки

ДЕСК

Лишени од слобода 15 возачи за безобѕирно управување возило, 10 лица возеле без возачка дозвола, четири управувале под дејство на алкохол, еден со претходно изречена забрана

ДЕСК

Мицкоски од Илинден: Владата продолжува со инвестиции во образованието, се гради нова училишна зграда во ООУ „Гоце Делчев“

ДЕСК