Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

349 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (27.06.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 349 возачи.

Од нив 19 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. При тоа 167 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 182 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Петрушевски со сериозни обвинувања: СДС е еднакво на ССМ, денешниот протест е измама, а не борба за работнички права

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ЗНАЧИТЕЛНА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО, ДОЖД И ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ: Синоптичарите со повеќедневна прогноза за времето

ДЕСК

Минималната плата мора да се зголеми во март, рече Трендафилов

C +