9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

19-ти состанок на Мешовитиот парламентарен комитет – Македонија и ЕУ

Денеска ќе се одржи 19-тиот Состанок на Мешовитиот парламентарен комитет – Република Северна Македонија и ЕУ (Парламентарен комитет за стабилизација и асоцијација). Делегацијата од Европска страна ја предводи европратеникот Андреас Шидер, а во нејзин состав се и европратениците Ирена Јовева, Марион Валсман, Владимир Билчик и Илхан Ќучук.

Пред почетокот на состанокот, предвидено е дел од Делегацијата да оствари средби со Претседателот на Собранието Талат Џафери и да има одвоени средби со координаторите на пратеничките групи, Јован Митревски, Никола Мицевски, Арбер Адеми и Илире Даути.

Состанокот ќе го отворат Соња Мираковска, претседател на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија како домаќин и Андреас Шидер, претседател на Делегацијата на Европскиот парламент.

Во воведниот дел на настанот, ќе има размена на мислења за односите меѓу Европската Унија и Северна Македонија со Бојан Маричиќ, заменик претседател на Владата задолжен за европски прашања, во име на Владата на Република Северна Македонија, Амбасадорот Дејвид Гир, шеф на Делегацијата во Северна Македонија, во име на Европската служба за надворешни работи и на Европската комисија и Илхан Ќучук, постојан известител на Европскиот парламент за Република Северна Македонија. Во продолжение, членовите на двете делегации ќе дискутираат на теми поврзани со владеење на правото, животна средина и здравје, граѓанско општество и медиуми, добрососедските односи и регионалната соработка, како и за дијалогот Жан Моне меѓу Собранието и Европскиот парламент, информираат собраниските служби.

Мешовитиот парламентарен комитет-Република Северна Македонија и Европската унија (ЕУ) е формиран врз основа врз основа на Договорот за стабилизација и асоцијација на Република Македонија (особено членот 114), Резолуцијата на Европскиот парламент од 10 март 2004 година, како и со Одлука на Собранието на 7 декември 2004 година. Неговото формирање е одраз на цврстата државна определба за полноправно членство во ЕУ, како и на заложбите на Собранието преку парламентарен дијалог да придонесе кон процесот на евроинтеграција. Основна цел на МПК е разгледување на сите аспекти на односите меѓу Република Северна Македонија и ЕУ, особено имплементацијата на Спогодбата за стабилизација и асоцијација. Комитетот формално придонесува кон издигнување на повисоко ниво на односите и соработката на Собранието со Европскиот парламент на неговата улога во Спогодбата налага обврска за Советот на ЕУ, Европската комисија и Владата на Република Северна Македонија за нивно целосно учество во неговата работа и редовно информирање на секој состанок на МПК за степенот на спроведување на Спогодбата.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Премиерот Ковачевски ќе говори на состанок по повод 30 години од Декларацијата за правата на малцинствата

M T

Бислимоски: Интерконекторот помеѓу Северна Македонија и Грција е клучен енергетски инфраструктурен објект во снабдувањето со природен гас

M T

Грковска на работен состанок во ДКСК: Меѓусебната соработка и комуникација е клучна во процесот на градење на одговорни и отчетни институции

M T

Ковачевски и Мицотакис на состанок за справување со последиците од енергетската криза

M T

Втор состанок на групата за следење на спроведувањето на Стратегијата за финансиска едукација

M T

Вицепремиерката Грковска ќе учествува на Регионален состанок на тема „Јавните политики во областа на конфискација на имот“, што се одржува во Виена

M T