7. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

МЗШВ: Со усвојувањето на ребалансот на Буџетот се исплаќаат субвенции кон 45 илјади земјоделци – За прв пат се воведува и можност за авансна исплата

Со Ребалансот, Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство (МЗШВ) обезбеди 2,7 милијарди денари, средства наменети за директна поддршка на земјоделците, односно за исплаќање на редовните, но и целосно расчистување на заостанатите субвенции кон земјоделците. Повеќе од 45.000 земјоделци во текот на тековната 2022 година ги добиваат своите субвенции.

„Главниот акцент е ставен на земјоделството и поддршката на секој еден земјоделец во услови на криза, преку конкретни мерки. Директно сме насочени кон обезбедување на стабилно и зголемено домашно производство на храна, на обезбедување повеќе пари кон земјоделците и поддршка која навремено, па дури и авансно ќе ја добиваат“, истакнуваат од Министерството.

Откако се тргна штетната блокада во Собранието и пратениците заеднички ги донесоа измените на Законот за земјоделство и рурален развој, за прв пат се воведува и можноста за авансна исплата на поддршката за земјоделците од програмата за директни плаќања. Секој земјоделец ќе може 30% од сумата да ја добие авансно, во рок од 90 дена по аплицирањето.

Со ребалансот ќе бидат исплатени околу 10.200 одгледувачи на говеда во износ од околу 340 милиони денари, а се исплаќаат и околу 420 милиони денари за предадено млеко во преработувачки капацитети, како мотивирачка мерка за зголемено производство на млеко. МЗШВ ги расчистува и сите заостанати долгови кон одгледувачите на говеда.

„Нема веќе доцнење со исплатата на субвенциите за произведено млеко, а за првпат субвенциите ќе бидат исплатени и во предвидените рокови од Програмата. Дополнително, преку Интервентниот фонд, ќе се исплати и една фаза од оваа година. Ако, на пример, во 2017 година министерството должеше само кон млекопроизводителите цели 9 фази субвенции, со предложениот ребаланс на Буџетот за 2022 година не само што се исплаќаат тековните субвенции, туку целосно се решаваат и заостанатите долгови кон сточарите“, посочуваат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

По усвојувањето на Ребалансот, а во текот на 2022 година, кон 3.200 одгледувачи на овци ќе бидат исплатени околу 770 милиони денари, за 1.800 одгледувачи на кози ќе се исплатат околу 66 милиони денари средства преку кој овој сектор се развива. Исплата на субвенции е предвидена и за 1.100 одгледувачи на свињи во висина од околу 200 милиони денари. Кај секторот живинарство се предвидени околу 70 милиони денари директна поддршка за бројлери и заклани несилки.

За предадено овошје во преработувачките капацитети 9.500 овоштари добиваат околу 17 милиони денари добиваат финансиска поддршка. Овоштарите за прв пат од оваа година добиваат авансна исплата на субвенциите во износ од 160 милиони денари.

Со усвојувањето на Ребалансот, 10 илјади градинари добиваат 180 милиони денари директна поддршка за предаден зеленчук во преработувачките капацитети. Поддршка е обезбедена и за пчеларите каде за околу 6.100 пчелари исплатени ќе бидат 212 милиони денари, поддршка за производство на македонски мед кој докажано е најквалитетен и најбаран мед на пазарите.

Обезбедени се 80 милиони денари за поддршка во производството на семенски и саден материјал.

Дополнително, 20 милиони денари се предвидени за исплата на полиси за осигурување за поддршка од 60% од полисите за осигурување на земјоделските стопанства. За подрачја со ограничени можности и за регистрирани земјоделци со ребалансот на буџетот за 2022 обезбедени се 165.000.000 денари. Зголемени се и средствата за исплата на штети до земјоделците предизвикани од временски непогоди.

Се воведува нова програма во висина од 20 милиони денари со која се поттикнува потрошувачката на свежо домашно овошје, зеленчук, млеко и млечни производи. Овозможувајќи систем за подобрување на исхраната за децата во градинките и основните училишта, јавните здравствени установи и за лицата во социјален ризик.

Ребалансот на Буџетот за 2022 година обезбедува и нови 500 милиони денари средства наменети за нови интервентни мерки за поддршка на земјоделците во услови на криза преку Интервентниот фонд.

„Го слушаме гласот на земјоделецот и заедно ги креираме мерките водејќи грижа за секој еден земјоделец. Оваа поддршка е од големо значење за земјоделците, но и за домашното земјоделско производство. Потенцираме дека грижата за македонскиот земјоделец не смее да биде предмет на блокади и партиски интриги. Земјоделците мора да ги добиваат своите субвенции со цел навремено да започнат со подготовки за ново производство. Секоја блокада значи свесно блокирање на домашното земјоделско производство, а со тоа помалку домашна храна и поскапи производи. Убедени сме дека само со заеднички сили може да се стават интересите на земјоделците напред, што несомнено е неопходно во услови на светски кризи“, истакнуваат од МЗШВ во денешното соопштение.

Можеби ќе ве интересира

МЗШВ: Потсетување за оризопроизводителите – уште шест дена трае рокот за аплицирање за поддршка при набавка на комбајн или сушара за ориз

M T

МЗШВ започнува нов проект за Национална стратегија за oбезбеденост со храна

M T

МЗШВ со потсетување до земјоделците: Уште 2 дена рок за доставување апликации за закуп на земјоделско земјиште до 3 хектари

M T

СДСМ: Ребалансот на буџетот во застој оти претседателот на комисијата од ВМРО-ДПМНЕ си се шета во Египет

M T

СДСМ: Нова поддршка за земјоделството, полесно исплаќање субвенции и 100% зелена нафта за земјоделците

M T

МЗШВ бара од пратениците едногласно да го усвојат Законот за земјоделство и рурален развој како приоритетен на денешната пленарна седница на Собранието

M T