Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

709 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (26.06.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 709 возачи. Од нив 69 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 12 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. При тоа 366 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 343 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

ПОЛИЦАЕЦ ВО СКОПЈЕ ВОЗЕЛ БЕЗ ПОЛОЖЕН ВОЗАЧКИ ИСПИТ – МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА

ДЕСК

ПОСТАВИЛ МЕТАЛНА ОГРАДА НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ – Кривична пријава против охриѓанец

ДЕСК

69-ГОДИШНИК ПРИВЕДЕН ВО ШТИП – Сопругата пријавила дека физички ја нападнал

ДЕСК