12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАКУЛТУРА

Костадиновска-Стојчевска: Министерскиот состанок во Тирана е клучен за Западен Балкан, а културното наследство главна тема

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во следните два дена 27 и 28 јуни 2022, во Тирана, Албанија, активно ќе учествува на Министерски состанок на платформите за Западен Балкан за култура, за истражување и иновации и за образование и обука.

Исто така европската комесарка за иновации, истражување, култура, образование и млади, Марија Габриел, ќе присуствува на министерските состаноци со кои ќе претседаваат Европската комисија, француското претседателство со Советот на Европската унија и албанските министерства за култура, образование и спорт.

„Министерскиот состанок претставува клучен настан во заедничките напори за одржување на политичкиот моментум поттикнат од започнувањето на Агендата за Западен Балкан на Самитот во Брдо минатиот октомври, со главен фокус на иновации, истражување, образование, култура, млади и спорт преку кои Западен Балкан е на солиден пат кон поблиска соработка во тие области на политиката. Младите се тие кои треба активно да ги вклучиме во сите процеси и да дадеме можност македонското културно наследство уште повеќе да им се доближи, кое тие ќе го пренесат на идните генерации“,вели министерката Костадиновска-Стојчевска

Првата министерска платформа за култура на Западен Балкан ќе биде официјално промовирана на 27 јуни, по што ќе следат состаноците на министерската платформа за истражување и иновации и образование и обука на 28 јуни 2022.

Извештајот на JRC Science for Policy „Статус на животната средина и климата во Западен Балкан“, основен елемент за Зелениот договор за Западен Балкан, исто така ќе биде претставен на 28 јуни. Клучните теми што треба да се дискутираат за време на трите министерски состаноци вклучуваат културно наследство, соработка меѓу академскот и бизнис секторот како двигатели на иновациите и учење за одржливост на животната средина.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Премиерот Ковачевски ќе говори на состанок по повод 30 години од Декларацијата за правата на малцинствата

M T

Бислимоски: Интерконекторот помеѓу Северна Македонија и Грција е клучен енергетски инфраструктурен објект во снабдувањето со природен гас

M T

Грковска на работен состанок во ДКСК: Меѓусебната соработка и комуникација е клучна во процесот на градење на одговорни и отчетни институции

M T

Ковачевски и Мицотакис на состанок за справување со последиците од енергетската криза

M T

Костадиновска-Стојчевска во Прага: Со Чешка споделуваме богато словенско минато и неопходна европска иднина

M T

Втор состанок на групата за следење на спроведувањето на Стратегијата за финансиска едукација

M T