19. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Дали заради ова е разрешен Димитров? Уште во 2019 година Димитров потпишал протокол за брзо решение за Гоце Делчев

Бугарската новинска агенција БГНЕС денеска објави текст каде што наведува дека поранешниот министер за надворешни работи на Македонија, Никола Димитров уште во 2019 година со тогашната негова колешка Екатерина Захариева потпишал протокол за брзо решение за Гоце Делчев.

Во Протоколот чии делови се објавени во написот на БГНЕС се наведува дека „мешовитата комисија за историски и образовни прашања ќе ја забрза работата на важните теми од заедничката историја како што се Гоце Делчев и Илинденското Преображенско востание и ќе инсистира на постигнување реални резултати до крајот на 2019 година, вклучувајќи ја и содржината на учебниците.“

Димитров беше министер во Владата на СДСМ прво како министер за надворешни работи, а потоа и вицепремиер за европски прашања, се до јануари 2022 година и формирањето на новата Влада на премиерот Ковачевски и оттогаш често во своите јавни настапи ја критикува работата на владата во дело на надворешната политика.

Можеби ќе ве интересира

Сите гласови од немоќните, болните и затворениците се запечатени во посебни коверти и гласачка кутија, истата се отпечатува дури во недела во 19 часот кога ќе бидат затворени гласачките места низ Републиката

ДЕСК

Утре се слави Светиот апостол Тома

ДЕСК

Закани кон членови на Избирачки одбори и вработени од кандидат за градоначалник – обвинува политичка партија

ДЕСК