Centar.mk
СВЕТ

Полска: Сè уште не сме испорачале МиГ-ови во Украина, сакаме украинска технологија и знаење

Полска сè уште не испорачала дополнителни борбени авиони МиГ-29 на Украина, бидејќи преговорите за трансфер на украинска воена технологија во Полска сè уште не се завршени, изјави полскиот заменик-министер за одбрана Цезари Томчик.

Во разговор за Радио ЗЕТ, Томчик истакна дека Варшава е подготвена да испорача борбени авиони од советско производство штом ќе се постигне договор за технолошка соработка.

„Не ги испорачавме МиГ-овите на Украина. Постои дијалог меѓу Полска и Украина“, рече тој.

Тој додаде дека Полска бара пристап до украинското знаење и технологии во областа на беспилотните системи, бидејќи работи на зајакнување на сопствените капацитети во развојот на беспилотни летала.

„Ако успееме да го решиме ова прашање, тогаш договорот за борбени авиони би можел успешно да продолжи“, рече тој.

Тој повтори дека Полска ќе ги испорача авионите штом ќе биде решено тоа прашање. Варшава претходно објави планови да ги предаде преостанатите борбени авиони МиГ-29 на Украина. Авионите, кои влегоа во составот на полските воздухопловни сили во 1989 година, постепено се заменуваат со моделите FA-50, F-16 и F-35./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

УКРАИНА ПОД НОВИ УДАРИ ДОДЕКА СЕ ПРЕГОВАРА ЗА МИР – Нападната енергетската мрежа

ДЕСК

САНКЦИИТЕ ПРОТИВ РУСИЈА ИМААТ СЛАБИ ТОЧКИ – Европските ревизори открија пропусти

ДЕСК

ТРАМП ЈА НОМИНИРАШЕ КРИСТИ МЕККОРМИК ЗА АМБАСАДОР ВО МАКЕДОНИЈА – Предлогот е испратен до американскиот Сенат

ДЕСК