Centar.mk
РЕГИОН

СЕ ИСПИТУВА ПРИЧИНАТА ЗА СМРТТА: Девојка почина по наводен убод од оса

Дваесет и едногодишна девојка почина во Грција, откако била донесена во здравствена установа во градот Псахна во многу тешка состојба.

Според кажувањата на нејзиното семејство, таа претходно наводно била касната од оса, по што ѝ се слошило и изгубила свест.

Медицинскиот персонал веднаш започнал со обиди за спасување, но и покрај повеќечасовната интервенција, девојката не преживеала.

Случајот предизвикал вознемиреност, поради што била повикана и полиција. Телото било пренесено во болницата во Халкида, а точната причина за смртта треба да биде утврдена со обдукција.