Centar.mk
вестИЗБОРМАКЕДОНИЈАТЕМА

Забрчанец: Со заштитен македонски идентитет не смееме да се плашиме од ЕУ преговорите, секој друг пат е опасен за земјава

Фејсбук статус на Марјан Забрчанец,

Не смееме да се плашиме од преговорите за членство во ЕУ. Напротив, треба со засукани ракави да ја зграбиме секоја можност за чекор напред кон членство во Унијата. Полесен пат нема, ниту алтернативен. Сите идеи за некаков полесен или заменски план се опасни планови на антизападните центри кои земјава сакаат да ја носат во режими и изолации.

Нашата позиција е јасна: гаранција за македонскиот јазик и идентитет.

За тоа сигурен сум дека ќе се избориме, зашто друга опција не постои и никој тука не ни помислува на друга опција освен чист, дефиниран и деклариран македонски јазик во преговарачката рамка.

Но, за останатото треба да засукаме ракави, да преговараме, да разговараме, да сработиме. Ни Преспа не ни падна од небо, си ја сработивме и уште реализираме обврски од Договорот, бидејќи тоа подразбира да се биде одговорна власт.

Гласот против отворање на преговорите со ЕУ во услови на гарантиран македонски јазик и идентитет е глас против демократската и европска агенда на Македонија и глас против нашата западна евроатлантска определба. Гласот против Европа е пропратен со руски знамиња и вергини.

Можеби ќе ве интересира

Грабеж среде бел ден во центарот на Скопје: На момче му ги украле парите и мобилниот телефон во 9 часот сабајле

ДЕСК

Нов скандал со брз кредит ја тресе Македонија: Со туѓа лична карта аплицирал за онлајн кредит од 15.000 денари

ДЕСК

СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА НА ПАТОТ ГОСТИВАР – ФОРИНО: Мотоциклист тешко повреден

ДЕСК