Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ТРАКТОР ПАДНАЛ ВО ПРОВАЛИЈА КАЈ КОНЧЕ: Возачот тешко повреден и пренесен во болница

На 31.05.2026 во ОВР Радовиш е пријавено дека во периодот од 12:00 до 15:30 часот на место викано „Лакавица“ на регионалниот пат од с.Дедино кон с.Конче, општина Конче, 55-годишниот З.С. од с.Конче, управувајќи трактор „торпедо“ со штипски регистарски ознаки, изгубил контрола и со тракторот паднал во провалија.

Од екипа на Територијална противпожарна единица Радовиш и екипа на Итната медицинска помош Радовиш возачот на тракторот е извлечен и пренесен во Клиничка болница Штип, каде му се констатирани тешки телесни повреди.

По извршени проверки, било констатирано дека З.С. го управувал тракторот, без да поседува возачка дозвола. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Радовиш.

Можеби ќе ве интересира

Поднесени обвиненија за поткуп и злоупотреби при даночните контроли на “Пулс” и поврзаните фирми

ДЕСК

ДЕНЕСКА Е СВЕТА ПЕТКА – ГОЛЕМ ПРАВОСЛАВЕН ПРАЗНИК: Еве што се верува во народот и кои обичаи се поврзуваат со овој ден

ДЕСК

ВИ БАРААТ УВЕРЕНИЕ ДЕКА НЕ СТЕ ОСУДУВАНИ – Каде се издава, како се добива онлајн и дали секој работодавач смее да го бара?

ДЕСК