Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ковачевски: Во ЕУ само со исполнети наши услови

Чиста формулација на македонскиот јазик во преговарачката рамка и јасна заштита на македонскиот идентитет, како и вклучувањето на Бугарите, Хрватите и Црногорците во Уставот откако ќе почнат преговорите меѓу Македонија и ЕУ, се дел од клучните елементи, за „францускиот предлог“ да биде прифатлив за македонската страна, напиша премиерот Димитар Ковачевски на Фејсбук.

Тој повтори дека Владата формално нема добиено предлог кој е усогласен на ниво на сите 27 земји членки.

Ковачевски пишува и дека каков и да е конечниот усогласен текст на предлогот, за да биде прифатлив за македонската страна може да има цврсти гаранции и од Бугарија и од Европската унија дека Бугарија нема да условува со нови барања, надвор од она што ќе биде договорено во преговарачката рамка и билатералниот протокол кој сѐ уште не е усогласен со Бугарија.

Историските прашања не можат да бидат критериуми во преговарачката рамка, пишува Ковачевски.

Премиерот вели дека секое решение ќе треба да е консултирано со македонските институции. Премиерот претходно соопшти дека ќе патува во Брисел на Самиот на ЕУ.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Струга се гради и развива, Владата продолжува со инвестиции тука

ДЕСК

Велигденските цени се доказ дека народот во Македонија веќе не ни преживува, тврди Левица

ДЕСК

Уставниот суд поведе постапка за Колективниот договор за култура и член 78-љ од Законот за култура

ДЕСК