Балканот го очекуваат големи горештини во следните денови, а ова се препораки како да се заштитите од сонцето и да го зачувате вашето здравје во летниот период.
Температурата во наредните денови треба да достигне 35 степени, што е неповолно по здравјето на луѓето, особено за постарите лица и заболените од хронични заболувања.
За да се заштитите, потребно е, доколку е можно, да избегнувате престој на отворено во најтоплиот дел од денот од 10 до 17 часот. Ако одлучите да излезете надвор во тоа време, користете засенчени области. Сите физички активности се препорачуваат да се прават во раните утрински часови.
Контролирањето на температурата на воздухот во просторијата каде што престојувате може да се постигне со отворање на прозорците во доцните вечерни и раните утрински часови и со намалување на употребата на електрични апарати на најниско ниво, особено на рерната.
Неопходно е да пиете доволно течности бидејќи е важно да се грижите за правилната хидратација на телото.
На вашето тело можете да му помогнете и со туширање со млака вода и носење светла и удобна облека од природни материјали.
Не излегувајте од дома без очила за сонце, шешир или капа со широка сенка.
Важно е да го намалите внесот на слатки и кофеин, како и алкохол. Јадете помалку и почесто и избегнувајте храна која е богата со протеини.
Ако наеднаш почувствувате симптоми на вртоглавица, слабост и малаксаност, силни главоболки, грчеви во нозете и рацете, екстремна жед – останете во ладна соба, обидете се да пиете течности и измерете ја телесната температура.
Ако по еден час не се чувствувате подобро, веднаш побарајте лекарска помош.
Децата на возраст под 4 и постари од 65 години се изложени на зголемен ризик од топлотен удар, бидејќи нивната способност да ја регулираат телесната температура е загрозена.