Centar.mk
БИЗНИСТЕМАТОП ВЕСТИ

Не само парични казни туку и затворање за фирмите кои прават енормни профити

Високи казни и клуч на врата за нечесните трговци кои со високи маржи се богатат врз грбот на граѓаните. Министерот за економија Бектеши најави нов Закон за заштита на потрошувачите, кој Владата треба да го усвои во вторник. Состојбата на терен покажала дека одредени трговци се однесуваат неетички и во услови на глобална криза заработуваат енормни профити, ставајќи високи маржи на основните прехранбени производи.

– Има компании кои заработуваат и по 80 отсто на одредени производи и им се исплатува да платат казна и да продолжат со истата нечесна практика. Сега веќе, со новото решение ќе се соочат и со друг тип на казни, ќе има затворање на компании, јавно ќе ги објавиме компаниите, а ќе има и забрана за вршење дејност, рече Бектеши.

Во услови на пазарна економија владата не смее да се меша во работата на компаниите, но министерот Бектеши очекувал фирмите да се солидаризираат, односно да стават разумни маржи, барем кај дел на основните прехранбени производи. Искуството на терен покажало дека некои трговци си ставиле маржи и до 30, 40, но и 80%. Што, според него е неетички и неморално.

– Очекувавме дека според договорите со стопанските комори компаниите веќе се навикнати на профитни маржи од 4 или 5 отсто. Но, во дел од трошоците – на масло за јадење на пример, 7-8 денари се плаќа за рабат кон супермаркетите. Сега владата ја укина оваа можност и за супермаркетите и за увозниците. Побарав да се прават секојдневни контроли не само на заштитените производи туку и на другите производи. За мене е злоупотреба синџирите на маркети да имаат профит од триесет отсто, оцени министерот Бектеши во интервју за „Слободен печат“.

До понеделник инспекторатот има рок да достави Извештаи дали е намалена маржата на основните производи, како лебот, јајцата, млекото, маслото за јадење. Ако не се намалени цените, не се исклучува можноста за дополнително намалување на маржата, како и проширување на листата производи со замрзнати маржи.

Можеби ќе ве интересира

Божиновска: Иднината на енергетиката e во дигиталните технологии, но најважна инвестиција останува знаењето

ДЕСК

АСОМ: Новиот закон за игри на среќа носи економски крах, 10.000 луѓе остануваат без работа, а државата губи 350 милиони евра

ДЕСК

Хуманоста на Mozzart блесна на Lazarov Awards2026 – донација од 200.000 денари во СОС Детско Село

ДЕСК