Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОРвест

Владимиров: Ветото за Македонија е креирано од руските специјални служби

Ветото за Македонија не е замислено и креирано во Софија. Според мене, ветото е акција на руските специјални служби и ова е класичен пример за хибридна акција против НАТО и ЕУ. Многу очигледно е дека сите руски играчи во Бугарија се вклучени во оваа работа, вели политичкиот аналитичар од Софија, Владимир Владимиров.

Според него, ова се прави „прво за да ја немаме оваа бугарска влада и втора работа, да се запре економскиот развој на Бугарија и целиот економски развој на Западен Балкан“.

Не би сакал да давам прогнози дали ќе се крене ветото до крајот на француското претседателство со ЕУ. Бугарија не доби поддршка од ниту еден свој партнер во ЕУ и НАТО за ветото, рече Владимиров во емисијата „Топ тема“.

Можеби ќе ве интересира

Апсења и претреси во Куманово

ДЕСК

Одземени три возила во тетовскиот регион

ДЕСК

Платил 2.000 евра за да му биде издадена возачка на сопругата, но никогаш не ја добил, полицијата истражува

ДЕСК