Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Обвинителство да ги истражи сите наводи за Мицкоски за рекет и закани кон бизнисмени

Изјава за медиуми, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ:

Откако во јавноста излегоа сведоштва за наводен рекет и закани од страна на Христијан Мицкоски, сега на ред е Јавното обвинителство.

Овие сериозни обвинувања за нови криминални шеми на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски доаѓаат од актуелен градоначалник на скопска општина и од долгогодишен бизнисмен.

„Има индиции дека некој се обидува да ги рекетира луѓето, дури и закани кон стопанственици дека еден ден кога ќе дошле на власт дека тие ќе биле затворени и така натаму. Срамота е за некој што сè уште не дошол на власт да се заканува.“ рече градоначалникот во изјава која се однесуваше на Мицкоски.

Истовремено, слично тврдење имаше и бизнисменот кој рече: (цитирам) Јавно го повикувам Мицковски да престане да ми се заканува, никој не му се плаши, и никој не му е крив што можеби сакал да се омрси од Делчевските кримоси кои го опљачкаа и ЕВН.

Ова, почитувани, воопшто не се наивни тврдења.

Јавноста преку судските пресуди виде за каков се криминал е способна ВМРО-ДПМНЕ, но очигледно и по пресудите во оваа партија ништо не се менува.

Затоа, надлежните институции, првенствено Јавното обвинителство мора да постапи и да ги истражи овие наводи.

Мицкоски мора да знае дека заврши времето кога некој беше недопирлив и над законите,

Денес правдата законот важи за сите, а правосудниот систем работи ефикасно и ослободено од политички притисоци.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Пари за 600 евра минимална плата само со кратење на луксузот на власта

ДЕСК

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК