Centar.mk
ЛОКАЛНОТЕМАТОП ВЕСТИ

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Стевчо Јакимовски ја посети градинката “Мајски цвет” – покривот попуштил поради временските непогоди

Градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски утрово беше на увид во просториите на градинката „Мајски цвет“, клон „Јасмин“, во населбата Тафталиџе 2, каде што во текот на викендот паднал плафон од гипс картон во две простории, а во уште една е оштетен.

– Ја утврдуваме причината, Најверојатно се работи за технички проблем.

Веројатно олуците не биле исчистени поради што дошло до нивно запушување.

Имајќи предвид дека станува збор за скриен покрив, водата прелила преку олукот врз изолацијата која натежнала на плафонот од просторијата кој е изработен од гипс картон, изјави градоначалникот Јакимовски по извршениот увид.

При увидот, истовремено забележани се и некои технички пропусти при градбата на објектот. Од тие причини градоначалникот побара да се проверат проектите, понудата и завршните ситуации по што ќе бидат објавени дополнителни информации во врска со случајот.

Можеби ќе ве интересира

Битола: Граѓаните со свои предлози го креираат буџетот за 2027 година

ДЕСК

Ученици од Општина Илинден во посета на градоначалникот Александар Георгиевски

ДЕСК

Ѓорѓиевски: Нов фризерско-козметички салон за учениците од „Димитар Влахов“

ДЕСК