Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Лавина оставки во владата на Петков

Бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска се очекува до крајот на денот да поднесе оставка, откако другите тројца министри од партијата Има таков народ (ИТН) веќе ги депонираа своите.

Лидерот на ИТН Слави Трифонов минатата недела објави дека ја напушта владејачката коалиција и ги повлекува своите министри од владата на Кирил Петков.

Вчера, Трифонов гостуваше во емисија на радио „Дарик“ и на прашањето зошто ја напуштил коалицијата, тој ја крена раката и гледајќи нагоре, извикна: „Заради Македонијааааа“. Претходно во интервјуто, тој кажа дека нема да има влада „заради Македонија, не заради ИТН“.

Освен Генчовска, од владата си заминуваат министерот за регионален развој Гроздан Караџов, министерот за спорт Радостин Василев и министерот за енергетика Александар Николов.

Засега не се знае кога ќе се гласа за нивните оставки во бугарскиот парламент, бидејќи од партијата Продолжуваме со промените на премиерот Кирил Петков рекоа дека прво треба да се донесе ребалансот на буџетот.

Гледај го бонус видеото и следи нè на YouTube за вакви содржини секој ден

Можеби ќе ве интересира

Предмалку почуствуван земјотрес од 2.9 степени според рихтер во Македонија – Сеизмолозите излегоа со информации

ДЕСК

Инцидент во угостителски објект во Скопје: Маж нападнат со тврд предмет

ДЕСК

Се запали возило во Скопје

ДЕСК