Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈАТЕМА

ТРАГЕДИЈА ВО МАКЕДОНИЈА: Загина возач на мопед кај обиколницата кај Богданци

Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случила синоќа меѓу мопед и автомобил во на регионалниот пат – обиколница Богданци.

Несреќата, како што соопшти МВР, се случила ноќеска во 01:00 часот, на регионалниот пат – обиколница Богданци, на крстосница кај место викано „Луда Мара“, помеѓу мопед „баотиан-БТ49“, со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Е.С. (46) од село Стојаково и патничко возило „форд мондео“, со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од Р.Г. (41) од Нов Дојран.

На местото на несреќата починал возачот на мопедот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гевгелија.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО ДПМНЕ: Позитивните економски параметри, потврдени и од Евростат, им сметаат на СДСМ, затоа што нивно време граѓаните живееја потешко, економијата стагнираше, инфлацијата рушеше рекорди

ДЕСК

ЌЕ ПЕЧЕ СОНЦЕ, А ПОТОА ЌЕ ТРЕШТИ НЕБОТО: Следува променливо и нестабилно време

ДЕСК

СЕ КРЕНАЛА ВРЕВА ВО ВИЗБЕГОВО: По расправија дошло до физичка пресметка меѓу двајца мажи

ДЕСК