Centar.mk
ТЕМАМОЗАИКЉУБОВ И СЕКС

Жените открија во што е тајната: Вечната борба помеѓу добрите и лошите момци

Многу жени велат дека им е доста од „лоши момци“ и дека им треба некој кој ќе биде романтичен и ќе ги разбира. Сепак, вистина е дека жените не сакаат добри момци.

И колку и да се обидуваат да го убедат машкиот род дека сакаат некој кој ќе им носи појадок во кревет и кој ќе ги третира како принцези, фините момци секогаш го вадат „дебелиот крај“. Зошто е тоа така?

Добрите момци не изгледаат како заштитници

Можеби ви се чини дека улогата на човекот како заштитник датира уште од каменото доба, но факт е дека мажите низ историјата имале токму таква функција.

Добрите момци изгледаат како да не можат да се одбранат ни себе, а камоли друга личност. Затоа жените ги заобиколуваат, барем потсвесно надевајќи се на некој кој ќе ги заштити од опасностите на урбаната џунгла.

Премногу се трудат

Добрите ја ставаат жената на пиедестал и и се поклонуваат како божица. Во покажувањето емоции ги преминуваат сите граници, прерано се „лепиат“ и нејзините потреби ги ставаат пред своите.

И жените се луѓе исто така, па нема потреба да ја ставаат на трон од кој лесно може да падне.

Тие не се предизвик

Добрите момци не бараат нивните девојки постојано да изгледаат совршено, бидејќи тие самите не се такви. Покрај финото момче, можете да се опуштите до тој степен што во врската исчезнува сета хемија и возбуда.

Жените сакаат некој постојано да ги предизвикува, да ги натера да работат и размислуваат. Тоа ја прави секоја врска поинтересна.

Можеби ќе ве интересира

Овие два хороскопски знаци ќе пливаат во пари во 2026 година

ДЕСК

Што ви носи 17 декември 2025: Детален дневен хороскоп за сите знаци

ДЕСК

Децата што добиваат премногу подароци подоцна имаат 3 проблеми

C +