Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Министерките за култура на Србија, Албанија и на Северна Македонија на прошетка во старото јадро на Охрид, на „Отворен Балкан“

Во рамките на самитот на регионалната иницијатива „Отворен Балкан“, што се одржува вчера и денеска во Охрид, вчеравечер дел од високите гости од регионот имаа можност да се запознаат со културните знаменитости во старото јадро на Охрид. Ноќната прошетка на министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и министерките за култура на Албанија, Елва Маргарити, и на Србија, Маја Гојковиќ, како и на министрите во Владата Љупчо Николовски, Оливер Спасовски, Крешник Бектеши, и на директори на сродни институции од иницијативата, започна од Античкиот театар, преку Галеријата на икони и Куќата на Робевци.

Гостите беа запознаени и со една од најпрепознатливите техники за изработка на охридскиот бисер преку традицијата што ја негува охридското семејство Филеви.

Во фокусот на самитот на регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ се културата и туризмот, а учествуваат министри за економија, за туризам и животна средина, за трговија, туризам и телекомуникации, како и министрите за култура на земјите од иницијативата.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК