15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

„Отворен Балкан“ во Охрид, ќе бидат потпишани договори и меморандуми за соработка

Денес во Охрид ќе се одржи работниот дел од самитот на иницијативата „Отворен Балкан“, откако вчера на пладне во градот пристигнаа лидерите на земјите од иницијативата.

Претседателот на Република Србија Александар Вучиќ и претседателот на Владата на Република Црна Гора Дритан Абазовиќ на охридскиот аеродром беа пречекани од министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска.

Премиерот на Албанија Еди Рама беше пречекан од Методија Димовски, генерален секретар на Владата, додека претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина Зоран Тегелтија во Охрид пристигна порано.

Според агендата на самитот „Отворен Балкан“ ќе бидат потпишани договори и меморандуми за соработка во туризмот, културата и меѓу даночните управи на земјите од иницијативата, како договорот за соработка за земјите од иницијативата за взаемно признавање на дипломи и научни степени издадени од високообразовни институции и други овластени институции.

Полицијата апелира граѓаните да ги користат автомобилите само во исклучителни случаи

Во согласност со преземените безбедносни мерки поради присуството на високи гости на самитот и денеска во Охрид има посебен сообраќаен режим.

Како што информираа од охридската полиција, активностите се насочени кон физичко и сообраќајно обезбедување на сообраќајниците и други објекти за што се веќе остварени контакти со службите од локалната самоуправа како и со сите правни субјекти одговорни за одржување на патиштата и улиците во градот, со Фондот за комунални дејности, сообраќај и улици при општина Охрид, со Јавните претпријатија како и со други релевантни субјекти.

Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид интензивно презема мерки за сообраќајно обезбедување, контрола и регулирање на сообраќајот, пред сѐ по булеварот „Туристичка“, но и по другите патишта и сообраќајници каде не е дозволено запирање или паркирање на моторни возила и каде се врши непречено пропуштање на возилата со приоритет наменети за обезбедуваните личности.

Воедно, сообраќајното обезбедување ги опфаќа и останатите магистрални, регионални и локални патишта, како и заштитниот појас на патиштата заедно со улиците во населените места и паркиралиштата.

СВР Охрид апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот, имајќи ги предвид безбедносните мерки што се реализираат за време на самитот „Отворен Балкан“, а своите моторни возила да ги користат во исклучителни случаеви или да користат алтернативни превозни средства.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Нуредини: Се раскинуваат Договорите за концесија за седум мали хидроелектрични централи во Националниот парк Шар Планина

M T

Горниот дом на рускиот парламент ги ратификуваше договорите за влез на 4 украински територии

M T

Ковачевски за „Политика“: Отворен Балкан за инвеститорите значи поголем интерес за вложувања и за нови работни места

M T

Кузеска: Нови 280 договори за поддршка со компании

M T

Северна Македонија, Албанија и Србија заедно обезбедуваат храна и струја за своите граѓани пред почетокот на кризната зима – Втор ден интензивна агенда на Отворен Балкан во Тирана

M T

МОН: Договори за ученички и студентски стипендии ќе може да се доставуваат и утре

M T